| четврток, 6 декември 2018 |

Хабиб: Ја навредуваа мојата вера, земја, семејство – благодарност на Господ останувам непоразен шампион!

Рускиот „ѕвер” направи вистинско шоу во Лас Вегас, бидејќи после триумфот против Ирецот го прескокна кафезот и физички се пресмета со неговиот тим.

После неговата 27. победа по ред (останува без пораз во кариерата) беше лут на силните навреди кои ги доби пред мечот, но и во текот на самата борба во октагонот.

Тој после мечот и лудницата се појави пред медиумите и кратко истакна што сакаше. Хабиб потврди дека го навредувале луѓето на Конор на верска основа, но и дека ја навредуваа неговата земја и семејство. Исто така, откри дека после борбата во Лас Вегас се слушнал со претседателот на Русија, Владимир Путин.

-Извинување до комисијата во Невада и Лас Вегас. Ова не беше мојата подобра страна. Како тоа сите зборуваат само за тоа дека сум го прескокнал кафезот? А како тоа никој да не зборува за навредувањето на мојата вера, држава, семејство и мојот татко кој ме научи како треба и морам да респектирам. Конор и неговата екипа сето тоа ми го направија мене. „Елхамдулиллах” (Благодарност на Господ) појасот е тука и тоа е најважно. Благодарност до сите што ме чекавте овде и уште еднаш им се извинувам на Лас Вегас и Невада. Благодарност до Господ јас сум непоразен шампион. Токму Владимир Путин ми се јави, ми честиташе и рече дека е горд на мене, рече Хабиб, а потоа ја напушти просторијата за прес-конференција.

извор: sportmedia.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top