| четврток, 6 декември 2018 |

Ураган доаѓа кон Грција: Училиштата не работат, траектите не сообраќаат (ФОТО)

Над Јонското море се развива циклон кој наликува на тропска бура, која до сабота би можела да се претвори во најсилниот забележан медитерански ураган, односно медикан (medicane) од втора категорија.

„Severe Weather Europe“ на својата интернет страна денеска пишува дека сите модели потврдуваат раѓање на ураган кој би можел да се формира денеска вечер или утре наутро.

Постои можност на својот пат во сабота да може да удри на грчкиот брег, загрозен е и островот Крит, потоа во недела би можел да продолжи кон Егејското море и западните брегови на Турција.

Поради силните ветрови, кои на некои места дуваат и со прзнима појака од 100 километри на час, сопрен е сообраќајот со траекти помеѓу копното и дел од островите. На страницата „Live from Greece“ пишува дека училиштата на Закинтос, Кедалонија, Итака и Лефкада утре ќе бидат затворени, а траектите кон Кефалонија нема да сообраќаат.

Најсилен ветар се очекува на истокот и западот на Грција, а според неофицијални податоци во Кефалонија веќе се забележани штети на повеќе објекти. Ветрот ги затвори училиштата на островите Андрос, Миконос и Тинос.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top