| четврток, 6 декември 2018 |

Северина и го краде момчето на Ана Бебиќ?!

Хрватската секси пејачка Северина флертува со момчето на младата колешка ана Бебиќ. Таа и момчето на Бебиќ, Филип, флертувале за време на едно ТВ шоу. Северина се појавила со нова фризурата, за која, како што вели, за тоа одлучува нејзиниот фризер, а не таа. Заклучила дека и се допаѓа фризурата на нејзиниот соработник Филип Рогановиќ, момчетона Ана Беби. Тој и рекол:

– Дали ти се допаѓам јас или мојата фризура?
Северина малку се збунила, но со насмевка му одговорила: „Не, твојата фризура“, а иако таа се смеела, Филип бил сериозен.

Инаку песните од новиот албум на Северина веќе се вртат, а хрватската пејачка ќе ги пее и на концертот во „Комбанк арена“ на 30-ти март во Белград.

Иако некои од нив делуваат како да се автобиографски, Северина овој пат ја напишала само песната „Оставена“.
– Филип и Милош ги напишаа сите песни. Нема потреба, можеби еден ден ќе се случи некои од тие емоции што се во мене, од нив да направам цел албум со свои песни, тогаш веројатно ќе пропаднам, но нема врска – рекла смеејќи се Северина во емисијата „Ексклузив“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top