| четврток, 6 декември 2018 |

Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“

Бизнисменот Милан Поповиќ поднесе пријава за семејно насилство против поп-пејачката Северина Којиќ поради мејлот што му го испратила. А еве зошто се скараа повторно.

Милан и’ напиша на Северина дека го однел детето на редовно превивање на стапалото поради инфекцијата што ја има веќе некое време и констатира дека таа не му го јавила времето кога му е закажан прегледот на малиот Александар. По неговиот мејл, Северина изнесе еден куп навреди на негова сметка. Станува збор за гнасни изјави, кои не и’ доликуваат на мајка на малолетно дете“, открива изворот за „свет.рс“, откривајќи ја содржината на мејлот што Којиќ му го испратила на Поповиќ.

Мејлот ви го пренесуваме во целост.

Ти не си здрав, мора да се лечиш, не ти е добро, не си бил сакано дете и затоа на Александар му создаваш психози. Мојот син сакаш да го направиш болен. Милане, ти си луд и маничен човек, не знаеш да бидеш родител. Имаш перфиден и зол ум, и на крај излегуваш глупав. Опседнат си со мене, сакаш да ме видиш по секоја цена, па макар и на суд. Ти си манијак и психопат, бидејќи не си здрав. Едноставно, ти си мал бедник, нула од човек. Со задоволство би ти ги искршила тие го*нарски коски. Таквите бедници што и’ го прават ова на жена со дете ги силуваат во затвор. Ти си најнизок степен на организам, неколку степени поголем од амеба, и го загадуваш овој свет. Ти си суштество што не се развило во човек. Факт е дека си злосторник, но и Хитлер некој го сакал, а бидејќи го направи Александар, заслужуваш мал дел од моето време. Имаш мрсна коса, луд поглед и во тебе клечи легло на гнев и бес. Ми се повраќа кога ќе те видам, но тоа е мојот грев. Си помислувам во себе, подобро Милан одошто рак. Тоа е тоа, откачи се од мене, манијаку“, изворот тврди дека Северина му го напишала на таткото на своето дете.

И додека на сметката на Поповиќ изнела куп гнасни навреди, во мејлот себеси се пофалила, тврдејќи дека малиот Александар е успешно момче, исклучиво поради неа, открива изворот.

Учителките велат дека Александар е омилен во одделението. Тоа е моја заслуга и ќе го одгледувам никогаш да не стане ѓубре какво што си ти. Александар го заштитив од твоето црнило. За него сум подготвена да умрам и повторно да оживеам. Ти си подготвен да го залудиш детето само за да ми напакостиш мене, а Александар ќе порасне и ќе сфати кој е татко му. За мајка му знае веќе. Јас сум неговиот херој, неговата најголема љубов, поткрепа од првиот негов здив и секогаш сум тука за него“, напишала Северина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top