Тренерот на Вардар Про, Веселин Вујовиќ е казнет од дисциплинската комисија на ЕХФ со парична казна од 4.000 евра и суспензија од два натпревари за црвениот картон што го доби на дуелот од ЕХФ-купот против Магдебург. Вујовиќ беше исклучен од страна на шпанските судии по критиките за нивната арбитража на мечот против Магдебург, во Германија. Вардар ПРО го загуби тој натпревар, со резултат 30:27.
Иако му беше дозволено да го води тимот на реваншот во Скопје, ЕХФ реши да го казни Вујовиќ со парична казна од 4000 евра.
По разгледувањето на изјавите на судиите и на делегатот на натпреварот, било утврдено дека исклучувањето е оправдано, а Вујовиќ за своето однесување добил казна согласно правилникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.