| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерата на Театар комедија ја воодушеви публиката на „Охридско лето“

Урнебесната комедија „Хамлет во пикантен сос“ од Алдо Николај, во изведба на Театар Комедија од Скопје, а во режија на Александра Карделевска ја воодушеви бројната публика. Новата сцена, дворот од училиштето Свети Климент Охридски, беше претесен да ги собере сите љубители на театарот кои дојдоа да ја видат премиерата и ја наградија со долг аплауз.

Јелена Жугиќ, директорка на Театар Комедија, но и актерка во претставата, оцени дека  убавината во оваа изведба  ја носи и младат  актерска екипа на овој тетар која внесува и свеж дух и од која, како што подвлече, може да се црпат нови искуства.

Голем предизвик да застанам на сцена и да не го носам директорувањето со мене. Таму не може да си ништо друго освен актер. Во овој процес на работа го пренесов сето мое искуство, но и многу научив од младите актери. Секоја генерација си има свој хумор, рече Жугиќ.

IMG_3770

Главниот лик, готвачот, што го толкува Крсте Јовановски вели дека во неговата 30-годишна кариера прв пат да игра во претстава во која преовладува комедијата.

Откривам некој мој нов талент и се чувствувам како некој почетник, чувствувам некоја нова сила, некоја нова енергија кај мене самиот. Самата претстава изобилува со многу комични елементи и нема да остави никого рамнодушен, вели  Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top