Интересно е да се знае што по одбивањето на понудата на Груевски од Самарас ќе кажат американските и европските дипломати кои топло го поздравија потегот на македонската страна. Ќе бараат ли нова позитивна енергија од Груевски или ќе се свртат кон Атина и со посилен притисок ќе бараат конструктивност и искреност во прашањето за името.
Со одговорот од Атина процесот кој што веќе предлого го води американскиот дипломат Метју Нимиц индиректно доби на тежна затоа што Самарас се оградува од каква било улога во спорот оставајќи тој да тече според агендата на Нимиц.
Можеби тоа е добра причина во иднина Нимиц јавно да кажува кога грчкиот претставник одбива да се сретне со својот македонски колега Јолевски како што според изворите на „Република“ се случива повторно токму овие денови. Со тоа Нимиц од една страна ќе изврши притосок на грчката страна да се согласи да разговара, а од друга страна на сите релевантни во контекст на последното одбивање на Самарас ќе им стане јасно кој е за, а кој го сопира решението на спорот.
Како Самарас ги понижи европските и американските колеги прочитајте во најновиот број на неделникот Република кој е во продажба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.