| четврток, 6 декември 2018 |

Макрадули: Не сакаме да им купуваме маски на сите луѓе

Ние сакаме да се справиме со загадувачите, а не да им купиме маски на сите луѓе. Маската не е решение за справување со загадувањето, рече заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, одговарајќи на прашање од граѓаните. На вчерашниот прв онлајн разговор, Макрадули половина час одговараше на прашања поставени преку социјалните мрежи.

Во врска со буџетот одвоен за справување со загадувањето, Макрадули призна дека средствата не се доволни, но дека се надева на помош од меѓународни финансиски институции.

Како што рече тој, голем удел во загадувањето имаат транспортот и градежништвото, а најголем загадувач се домаќинствата. Најави дека социјалните случаи кои се греат на нееколошки средства ќе добијат помош од државата и директна замена на она што го користат, но дека прво ќе се заменат нееколошките системи за загревање во градинките и училиштата.

-Недозволиво е едно училиште, или градинка да троши 30 000 евра во зимскиот период некогаш и до 40 000 евра за нафта. Некои домаќинства ќе добијат инвертори, некои топлотни пумпи, а некои повторно ќе ги приклучиме на парното греење – рече тој и истакна дека еден инвертор чини 250 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top