| четврток, 6 декември 2018 |

За Макрадули има чад, ама не е загадено – мерната единица била расипана

Мерната станица која во Гази Баба го мери квалитетот на воздухот се расипала и покажала лажни зголемени вредности, објаснува заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.

– Министерството денеска го задолжи инспекторатот да направи увид на терен. Не ги демантирам информациите дека има чад, но нема високо ниво на загаденост бидејќи соседните мерни станици во Лисиче и кај Ректорат не покажале зголемени вредности што е доказ дека нема загаденост, вели Макрадули.

Заменик министерот вели дека инспекторите ќе детектираат од каде доаѓал чадот и за денеска најави извештај за ситуацијата, пренесува „Вечер“.

Граѓаните кои што живеат околу железарските фабрики се сомневаат дека филтрите кои што компаниите треба да ги пуштаат намерно се исклучуваат навечер бидејќи трошат многу струја или пак работи само еден филтер наместо двата.

Од Министерството за животна средина велат дека фабриките со А инсталација во својот круг треба да имаат поставено мерни станици и со измените што се предвидуваат на дневна основа ќе треба да доставуваат извештај за загаденоста, со што ќе се добие подобра контрола.

На загадувањето од железара први реагираа граѓаните од околните згради кои облаците од чад ги имаа регистрирано и на видео кое деновиве беше најактуелно на социјалните мрежи. И еколошките здруженија алармират дека со денови Железара испушта токсични облаци на чад, а надлежните молчат. Порака до надлежните испрати и зелената партија ДОМ.

-Министерство за животна средина и просторно планирање да одговорат како за помалку од два месеца една иста мерна станица и еден ист мерен инструмент се повторно на сервисирање и калибрација и податоци за ПМ10 од Гази Баба? Кој и врз каква основа ги трга пиковите од измерените податоци за ПМ10 Гази Баба? Одговорност некој ќе преземе ли, одговор побараа од еколошкото здружение “О2 Коалиција чист воздух”.

Почнувајќи од вечерта на 10 август објавени се разни фотографии и видеа каде се гледаат огромни облаци од чад како излегуваат од Железара и се шират во околината.

Жителите на Гази Баба алармираа по драматично покачените вредности на ПМ10 честичките кои се искачија дури до 400 единици што е несвојствено за летениот период, бидејќи според владините анализи домаќинствата кои се греат на дрва се виновни за покачените вредности во зиме, затоа во лето немаше загадување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top