| четврток, 6 декември 2018 |

Макрадули го пофали ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е пред сите држави во регионот

Соработката што ја започна владата на ВМРО-ДПМНЕ со швајцарската влада резултираше со изградба на пречистителни станици во Берово, Карбинци, с. Кучичино, о. Чешиново-Облешево, каде се пуштени во употреба, во Кочани пречистителната станица е во завршна фаза на изградба, а сите беа дел од проектот „План за управување на сливот на р. Брегалница“, како и пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија

Пуштањето во функција на пречистителната станица во Ново Коњарево, општина Ново Село, како дел од проектот „План за управување на сливот на река Струмица“, финасиски подржан од Владата на Швајцарија, е само еден од проектите што во изминатите 10-тина години се реализираа во Република Македонија во сегментот на отпадните води. Во само десетина години минатата власт успеа преку низа проекти во целост да ја смени сликата за грижата за животната средина во државата, во делот на отпадните води и грижата за обезбедување чиста питка вода за граѓаните преку изградба на пречистителни станици.

Сработеното од ВМРО-ДПМНЕ во минатата деценија го потврди и ресорниот заменик- министер Јани Макрадули кој од Ново Коњарево потврди дека Република Македонија е пред сите држави во регионот по процентот на изградени станици, како и со планирани за изградба во блиска иднина и со тоа 78-процентна можност за нивно прочистување. Тоа е голема потврда на исправните политики на владата на ВМРО -ДПМНЕ во оваа област.

Соработката што ја започна владата на ВМРО-ДПМНЕ со швајцарската влада резултираше со изградба на пречистителни станици во Берово, Карбинци, с. Кучичино, о. Чешиново-Облешево, каде се пуштени во употреба, во Кочани пречистителната станица е во завршна фаза на изградба, а сите беа дел од проектот „План за управување на сливот на р. Брегалница“, како и пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија. Беше направена и документација за изградба на станица за отпадни води и станица за прочистување на питките води во Делчево, за што беа обезбедени и средства за изградба. Но бидејки овие проекти не беа започнати со претходната влада, се сомневаме дека и ќе започнат, а средствата од 15 милиони евра или ќе пропаднат или ќе се пренаменат.

Средствата од ИПА програмата во секторот животна средина во најголем процент беа планирани и се користеа за оваа намена. Со ИПА средства веќе се изградија пречистителни станици во Радовиш, Струмица, Прилеп, а при крај е изградбата во Кичево. Пречистителната станица во Волково-Ѓорче Петров беше изградена со подршка на владата на Словенија.

Во 2006 година, при тогашната промена на власт, во оваа сфера единствено беше изградена само пречистителната станица во Куманово, и имаше само проектна документација за станицата во Берово. Покрај се’ до сега напоменато, во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени пречистителните станици за питка вода во Пробиштип, Штип, Св. Николе како дел од проектот „Брана Кнежево“, со што се овозможим после многу децении граѓаните воп овој дел на Република Македонија да добијат квалитетна вода за пиење.

Сите наброени проекти се планирани, проектирани и изградени од 2006 година, што покажува вистински стратешки пристап на ВМРО-ДПМНЕ во областа на екологијата.

Но, тоа што откако се смени власта им останува на граѓаните е надежта дека актуелната власт можеби во овој дел ќе се продолжи со временски предвидената динамика. При тоа, важно е да се напомене дека конечно треба да се започне со изградба и на пречистителните станици во Тетово, Битола, Гостивар, Штип, Велес, Кавадарци, Дебар и во Скопје. Сепак, ако се земат предвид запирањето на сите други проекти откако СДСМ ја презеде власта пред повеќе од една година, веројатноста за такво нешто е мала.

Предвидената динамика предвидуваше дека веќе од поодамна требаше да се започне и со изградба на регионалните депонии во источниот и североисточниот регион, како и југозападниот регион, за што е направена целосната проектна документација и обезбедени се сретства од ИПА програмата. Но и со тоа се доцни, како и со се останато.

Во делот на екологијата и заштитата на животната средина, треба да продолжат и активностите со ЈАИКА за ревитализација и проширување на колекторскиот систем во Охрид, кои беа во поодмината фаза.

Граѓаните заслужуваат здрава животна средина, а Република Македонија да остане пример во регионот. Сепак, според динамиката на реализација на наследените обврски, екологијата и заштитата на животната средина ќе почека повторно да дојде до смена на власта за да продолжат реализациите на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top