| четврток, 6 декември 2018 |

Теловска: СДСМ и Макрадули веднаш да се извинат за срамната и скандалозна изјава и ширењето на говор на омраза кон Турција и Ердоган

Ова е навистина скандалозно, за мене е непрофесионално и не политички, бидејќи се работи за Турција, а знаме Турција каква поддршка и дава на Македонија, за мене лично ова е и говор на омраза и тоа не кој било граѓанин, туку заменик министер од редовите на СДМ да упатува поддршка на вакви навредувачки зборови со вакви навредувачки изрази кон Турција и кон претседателот Реџеп Таип Ердоган е крајно неприфатливо и тие би требало веднаш да се извинат, вели Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ за ТВ Алфа.

– Нашата партија има членови од сите етнички заедници кои што живеат во Македонија и не само јас и другите членови ќе бидат задоволни ако во иднина имаме уште поголем број на Албанци и други етнички групи. Јас се надевам во иднина дека ќе продолжи таквата политика на ВМРО-ДПМНЕ како една партија која што обединува и сплотува, потенцираше Теловска.

Таа истакна и дека тие се грижат за мултикултурниот живот во нашето општество.

– Македонија е унитарна држава и не би смеело да се дозволи ниту една постапка да ја нарушила таа унитарност, секое фаворизирање на две етнички заедници би ги ставиле во сенка сите други и би ги дискриминирале останатите припадници на етничките групи. Навистина би било многу штетно Македонија да се расцепкува и не би смеело да се федерализира истата, порача Теловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top