| четврток, 6 декември 2018 |

В среда снег на планините

В среда северна студена маса ќе го доведе вториот снег на македонските планини, најави метеоролошката прогноза.

До тогаш следува период на претежно облачно време со повремени врнежи на дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните деови и крајните југоисточни подрачја на Македонија.

Иако нетипично за доцна есен, на места врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи.

Од среда времето ќе биде стабилно со пониски утрински и дневни температури и со снег на планините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top