| четврток, 6 декември 2018 |

“Трепет“-изложба на Гоце Илиевски во МКЦ

Во реалноста има два погледи на светот, онаков каков што е и онака како што ние го перцепираме и доживуваме. Трепет е визуелен ликовен приказ за доживувањето проследено со духовна возбуда или затреперување. Надворешниот свет со сите разноликости и неговото влијание врз емотивната и спиритуална природа на човекот. Дали тоа треперење, тој допир до внатрешноста на нашето битие е капка роса од боженствената природа во нас?
Изложбата се состои од слики, цртежи и анимација на око кое трепка (проектот ,,Човек-Бог‘‘).
Преку репрезентација на пејсажи и портрети, со експресивен израз, се тежнее да се изрази отпечатокот оставен во свесниот и потсвесниот дел, во моментот на доживувањето на одредена глетка, средба или емоција. Во осликувањето на делата главен акцент е ставен на соодносот на боите кои една со друга поредизвикуваат одредени чувства. Во цртежите таа цел е постигната со играта на суптилните линии, кои некогаш се вмрежуваат во портетот, како одраз на внатрешната емоционална состојба.
Треперењето на листовите на дрвјата и трепкањето на човековото око се приказ на внатрешниот трепет на интимно спиритуално доживување.

Трепет

За проектот Човек-Бог

Проектот ,,Човек-Бог‘‘ е мултимедијален проект, синестезија од цртежи и кратка анимација на око кое трепка. Човек-Бог е некој кој е истовремено и човек и боженствен, или пак човек кој е идол. За некој тоа е духовен учител, за некој јавна фигура или политичар, за некој тоа е дури и пријател. Може да биде некој кој шири љубов и просветление, или човечки идол, кој ги користи луѓето за лични цели.
Значењето на проектот е отворено за лична интерпретација. Сите ние сме различни и гледаме на нештата различно, во зависност од сопствената свест.
На некое друго ниво, сите ние сме сепак исти, вели Гоце Илиевски
Изложбата е мултимедијална а ќе бидат презентирани, слики, цртежи и кратка анимација (Човек бог) комбинација на GIF анимација и цртежи на очи.
Влез слободен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top