Детроит, некогашниот економски џин, кој беше симбол на силната американска индустрија, банктротираше. Според агенцијата „Асошиејтед прес“, градот е во долг од неверојатни 20 милијарди долари. Банкротот бил објавен вчера по долгогодишниот пад на популацијата во градот, но и на производството на автомобили. Новата ситуација може да доведе до отпуштање на јавната админстрација и распродажба на имотот, а се очекува и поскапување на градските такси и услуги.
Во периодот од 2000 година до 2010 година градот загубил 250.000 жители, а денес во Детроит живеат околу 700.000 жители. Многу квартови се комплетно иселени, а во некои места се укинати и основите градски услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.