Горда сум на тоа што Србија спаѓа меѓу кандидатите кои имаат најголеми шанси за влез во Европската Унија, изјавила премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. Таа во интервју за шварцарски „Блик“ потенцира дека нејзината Влада најмногу се залага за спроведување на реформите.
– Нив не ги спроведуваме поради ЕУ. Доколку не ги направиме пред пристапувањето, Унијата нема да ни нуди многу предности. Голем број квалификувани експерти би ја напуштиле земјата, а ЕУ нема да ја фали Србија како инвестициски пазар. Сакаме да станеме членка што ќе може да придонесе, рече Брнабиќ.
Таа во интервјуто за швајцарскиот весник навела дека Србија морала да направи драстични реформи бидејќи била пред банкрот.
– Светската банка побара од нас да преземеме нешто. Народот сфати дека реформите се неопходни, а ние за возврат обезбедивме повеќе работни места во приватниот сектор, истакнала премиерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.