| четврток, 6 декември 2018 |

Претставување на аудио-визуелниот проект „Die! Goldstein“

Во СЦ Дуња вечерва со почеток во 21 часот ќе биде претставен аудио-визуелниот проект „Die! Goldstein“.

-Одразувајќи ги алтернативните состојби на човечките услови и нивните последици, Die! Goldstein нуди сурово, но надежно патување низ човечкото искуство, инкорпорирајќи тензични општествени проблеми преку глобални слики. Неговиот аудио/визуелен перформанс Dystopia/Utopia е инспиративна и охрабрувачка проекција, придружена со звучен пејзаж, која го повикува слушателот да се приклучи кон неговата убава прогресија од темните и очајни дистописки состојби, преку надеж, до конечно пристигнување до просветлената, утописка сегашност.
Dystopia/Utopia е тековен проект, кој откако започна, ја изменува содржината на видеото, надополнувајќи ја за секој концерт со актуелните глобални проблеми. И самата музика исто така еволуира па секоја претстава е нова и свежа. Проектот досега е претставен на неколку фестивали и места низ целиот свет: Лондон, Рим, Барселона, Токио, Берлин, Кјото, Глазгов, Бангкок, итн…

DIE! GOLDSTEIN, дефиниран како „состојба на умот што вечно патува низ бучава од емоции“, е аудио-визуелен експериментален електронски shoegaze дрон ноис пост-рок проект на Диего Мар: звучен композитор, фотограф и видео уметник. Во 2017 година го заврши својот деби албум Dystopia/Utopia. Издаден за берлинската етикета Neucrea Records, досега е претставен на различни фестивали и простори низ Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top