„Градоначалникот Петре Шилегов е во мртва трка со неговиот шеф Зоран Заев во тоа кој повеќе безочно ја
лаже јавноста и граѓаните.
Лага прва. Денес Шилегов кажа дека ЈП Комунална хигиена поседува само 26 камиони за собирање смет во Градот Скопје што е нова лага. Градо Скопје и ЈП Комунална хигиена располага со 116 специјални возила за собирање на смет набавени во периодот 2010-1017 во вредност од пола милијарда денари.
Лага втора. Шилегов кажа дека изминатите 1о години не е направено ништо за подигање отпад или миење улици што повторно е нова лага. Вистината е дека во периодот од 2010-2017 година набавени се 2250 садови за одлагање на отпад- пластични контејнери во вредност од 13.300,000, инсталирани се подземни контејнери на 40 локации во вредност од 80 милиони денари, како и 14 подвижни контејнери во вредност од 10.000,000 денари, надградби на возила за прскање на улици во вредност од над 8.000,000 денари, 60.000 канти за смет се дадени на домаќинства во вредност од над 50 милиони денари.
Лага трета. Во недостиг на сопствени нови проекти, Шилегов практично се пофали со проект изработен и реализиран од неговиот претходник, градоначалникот Коце Трајановски. Шилегов кажа дека како една од мерките за подобрување на хигиената во градот, претоварениот центар за ѓубре во Карпош 3 ќе биде рециклажен центар за отпад, што е повторна лага. Вистината е дека рециклажниот двор во Карпош ниту е изграден сега, ниту почнува од сега да врши селекција и претовар на отпад. Тој постоеше и претходно и беше надограден од претходниот градоначалник Трајановски при што се инвестираше во нови содржини со специјални боксови, специјални контејнери за селекција на сите видови на отпад (електронски и отпад од батерии, отпад од пакување- ПВЦ хартија, лименки, стакло, како и кабаст отпад од домаќинскатвата). За ова многу лесно може Шилегов да провери во документацијата на претпријатието или пак да провери преку едноставно пребарување преку веб содржините на медиумите. Вистинско промашување е што Шилегов дозволи создавање на депонија и наталожување на отпадот наместо нормално функционирање на
претоварниот центар.
Инвестицијата која Шилегов ја наследи од неговиот претходник Трајановски во ЈП Комунална хигиена изнесува 1 милијарда денари. Граѓаните ќе бидат среќни доколку Шилегов стигне до пола од оваа
инвестиција со нови вложувања.
Петре Шилегов станува плагијат градоначалник кој се фали со веќе изработени проекти од неговиот претходник, и градоначалник кој нема ниту еден негов капитален проект.
Згора на тоа тој станува и плагијат на неговиот шеф Зоран Заев кој практично го превзема лажењето и неработата. Ако Заев е во централната власт , Шилегов практично е барон Минхаузен помеѓу градоначалниците во нашата држава.
Скопјани бараат проекти, скопјани не може да бидат залажувани со маглата и непостоечките проекто на Петре Шилегов“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Претставување на аудио-визуелниот проект „Die! Goldstein“
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта