Владата најави дека ќе го продолжи проектот „Купи куќа купи стан“. На владина седница била разгледана и ја усвоена предлог- одлуката за времетрањето на јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување на граѓани за добивање субвенциониран станбен кредит во 2018 година.
Со донесување на оваа долука, и во 2018 годна ќе им се овозможи на граѓаните по поволни услови да дојдат до сопствен дом. Со проектот, граѓаните кои немаат друг имот на свое име и чии месечни приходи не надминуваат 900 евра, ќе може да аплицираат за два вида на субвенциониран станбен кредит, за купување или доградба на куќа или за купување стан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.