| четврток, 6 декември 2018 |

„Битолските порти“ – мултимедијален колаж за битолските порти и врати

Вечерва (петок) во 21 часот на новата сцена на Народен театар Битола може да се проследи проектот „Битолските порти“. Станува збор за мултимедијален колаж за битолските порти и врати во кој учествува првенката на Народниот театар – Битола, Соња Михајлова.

Визуелна приказна за битолските порти и врати како нераскинлив дел од старата битолска архитектура. Проектот вклучува фотографии специјално направени за оваа намена. Со неколку проектори на повеќе скринови во форма и пропорција на порти ќе се проектираат врати пропратени со музика и неколку вистински и измислени приказни за градот Битола.

Проектот е дел од годинашното издание на битолско културно лето „БитФест 2017“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top