За малку e избегната трагедија во хрватскиот град Сплит, јавуваат медиумите.
Четириесетгодишен маж без никаков повод пред кафе- бар во Сплит фатил 4-годишно дете за врат, го дигнал и почнал да го тресе пред очите на шокираните гости и мајката на детето. Веднаш потоа го спуштил и се вратил назад и си седнал на масата во кафе-барот како ништо да не се случило. На детето, за среќа, не му било ништо, но претрпело голем шок.
Веднаш се појавила полиција, која откако утвдила дека се работи за душевно оболен човек, го однеле напаѓачот во психијатриска болница. Против него е поднесена пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.