| четврток, 6 декември 2018 |

Николовски призна: Лицето вработено во М-НАВ е во роднинска врска со мене!

Министерот за земјоделство и шумарство Љупчо Николовски денеска ја потврди информацијата дека негов роднина е вработен во М-НАВ.

Тој побара институциите да истражат како се водел процесот на вработување на лицето во М-НАВ.

– Да, лицето е во роднинска врска со мене. Барам да се утврдат сите процедури и постапки кои биле направени. Тоа институциите нека го проверат. Едно е јасно, станува збор за висок стручен професионален кадар школуван во Јапонија, во Кина, дипломиран, токму на проблематиката каква што се бара, на високорангиран универзитет во Словенија, со сите професионални капацитети за какви Македонија треба да се бори – изјави денеска Николовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top