| четврток, 6 декември 2018 |

Николовски: Очекуваме Косово да ја повлече одлуката за зголемени царини

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски очекува Косово веднаш да ја повлече одлуката за зголеменото царинење на овошјето и зеленчукот воведена вчера.
Како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања, без да прецизира дали Македонија ќе воведе контра мерки, одлуката го прекршува ЦЕФТА договорот и правно и формално е нејасна.
– Се прават интензивни анализи за одлуката на Косово која воопшто не содржи тарифни броеви, а и, наместо овошје и зеленчук, во табелите пишува пченка – истакна Николовски.
Министерот најави дека ќе се реагира во делот на Спогодбата за размена меѓу двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top