| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ повторно истрчува со истиот тим: Спасовски, Ременски, Наумов, Кирацовски, Николовски

tehnicki ministri sdsm

Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно ги прифати предлозите на раководството и Извршниот одбор на партијата за кандидати за министри и дополнителни заменици министри за составот на техничката Влада за организирање и спроведување избори.

Како што соопштија од СДСМ кандидат за министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски, Фросина Ременски е кандидатка за министерка за труд и социјална политика, Кире Наумов кандидат за дополнителен заменик министер за финансии, Александар Кирацовски кандидат за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација и Љупчо Николовски кандидат за дополнителен заменик министер за земјоделство, водостопанство и шумарство.

– Ова е важна мотивирачка сила во сериозната одговорност што ја презеде Социјалдемократскиот сојуз да го предводи процесот на обезбедување економски стабилна и демократска иднина на Република Македонија во интерес на сите граѓани во државата, што ќе се случи по 11 декември, рече, како што стои во соопштението, претседателот Заев, на седницата на ЦО на СДСМ што се одржа вечерва.

Централниот одбор ја прифатил одлуката на Извршниот одбор за одржување тематски конгрес на партијата.

На вечерашната седница, Централниот одбор едногласно одлучил нов член на ЦО на СДСМ да биде Мухамед Зекири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top