| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓавато непроодно, „Македонија пат“ изненадени од снегот? (галерија) (видео)

Обилни врнежи од снег денеска ги зафатија планинските превои. Снегот одново ги изненади од Maкедонија пат од каде веројатно не очекуваа дека снегот ќе го блокира сообраќајот.

Видеото во продолжение е од планинскиот превој Ѓавато, каде сообраќајот се одвива тешко и има големи застој.

Професорката Билјана Ванковска повика на својот фејсбук профил дека патиштата намерно се блокираат со сообраќајни незгоди.

-Повик до Скопјани! Патиштата низ Македонија систематски ги блокираат што поради наводни сообраќајни незгоди, што поради снег! Ако другите не стасаат од внатрешноста, одговорноста за масовноста на собирот зависи од нас! Изговори нема!, напиша Ванковска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top