| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки скромно: Одиме чекор по чекор

Раководството на женскиот ракометен клуб Вардар почна со подготовките. Примарна цел на клубот, како што нагласија на денешната прес-конференција, е пласман во Лигата на шампиони.

За таа цел клубот со новиот спонзор Сергеј Самсоненко купи сѐ што можеше да се купи во ракометна Европа.

– Успеавме да доведеме повеќе ракометарки од тоа што го посакував кога го преземав клубот. Сепак, рано е за некакви прогнози и амбиции. Целта е пласман во ЛШ, а потоа и сѐ што следува – изјави спонзорот на тимот Сергеј Самсоненко.

Подготовките се почнати во Скопје, каде што ќе останат неколку дена, по што следува учество на турнири надвор од Македонија.

– На 22 јули одиме на Златибор каде што остануваме до 11 август. Се враќаме во Скопје и продолжуваме за Пореч. Во август е планирано учество на турнир во Ѓер, кој ќе биде вистински тест за нашите сили. На 1 септември го почнуваме учеството во региналната лига против Крим, но, сепак, мислите се насочени кон квалификацискиот турнир за ЛШ во Салерно – изјави првиот тренер на вардарки, Индира Кастратовиќ.

Vardar rakomet zeni nov tim press  (4) (Custom)

– Многу ѕвезди во тимот може да направат проблем. Но, сите тие се професионалки и знаат зошто се дојдени во Скопје. Целта е да функционираме како едно семејство, кое ќе работи напорно и кое  само така може да успее. Јавноста не треба да нѐ форсира и веднаш да бара резултати бидејќи во ниту еден момент не изјавивме дека ќе атакуваме на самиот врв на Европа – додаде Кастратовиќ.

Споредбите со Кометал Ѓорче Петров се сосема логични при почнување на еден ваков проект. Тој тим пред 10 години играше три финалиња во ракометна Европа и еднаш се искачи на пиедесталот.

– Проектот на ЖРК Вардар е на подолг рок. Кометал е веќе завршена успешна приказна. Во Вардар ќе има и подеми и падови и треба да се биде трпелив. Секако резултатите нема да изостанат. Бројните засилувања укажуваат на различноста во играта, што ќе биде наше главно оружје. Целта е Вардар и Македонија да го заземат местото од пред десетнина години – истакна претседателот на клубот Гордана Нацева.

Фото: Александар Ивановски

Vardar rakomet zeni nov tim press  (2) (Custom) Vardar rakomet zeni nov tim press  (1) (Custom) Vardar rakomet zeni nov tim press  (11) (Custom) Vardar rakomet zeni nov tim press  (10) (Custom) Vardar rakomet zeni nov tim press  (9) (Custom) Vardar rakomet zeni nov tim press  (8) (Custom) Vardar rakomet zeni nov tim press  (7) (Custom) Vardar rakomet zeni nov tim press  (6) (Custom) Vardar rakomet zeni nov tim press  (4) (Custom)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top