| четврток, 6 декември 2018 |

Портрети од Мане во Кралската академија во Лондон

Голема изложба посветена на францускиот импресионист Едуард Мане (1832-1883 г.) викендов ќе биде отворена во Кралската академија во Лондон

Mane6На изложбата ќе бидат презентирани автопортретите на Мане, портрети од неговото семејство и од неговите големи пријатели, како сликарот Клод Моне и писателот Емил Зола.

Посетителите ќе имаат можност до април да видат повеќе од 50 слики. Една од нив, насловена „Амазонка“, на која е претставен портрет на жена на коњ, сѐ уште не може да пристигне во британската престолнина.

Таа треба да пристигне од бразилскиот музеј во Сао Пауло, но поради временските услови на лондонскиот аеродром со денови летовите се откажуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top