| четврток, 6 декември 2018 |

Дербито „Мерсисајд“ за црвената страна од Ливерпул (видео)

liverpul

Ливерпул ја продолжи серијата добри игри на дерби натпреварите откако славеше на градската пресметка со Евертон со 3-1. „Црвените“ доминираа во однос на избраниците на Роналд Куман и апсолутно заслужено на крајот се радуваа на победата, на која црна дамка остави повредата на Садио Мане.

Токму Сенегалецот го отвори резултатот по неполни десет минути игра, откако одличниот соло-продор го круниса со прекрасен гол по земја од петнаесетина метри. Гостите успеаја да израмнат, но Ливерпул веднаш повторно поведе, овојпат преку Кутињо.

На стартот од второто полувреме се зголемија проблемите на Клоп, кој остана без Мане, кој заработи повреда што на прв поглед не делуваше воопшто наивно. На негово место во игра влезе Ориги, а токму белгискиот голгетер ги постави конечните 3-1 со прекрасен удар од дваесетина метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top