| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на дела од 60 македонски уметници во Малме, Шведска

На 29 Ноември во Малме, Шведска за првпат ќе се промотира македонската ликовна сцена со уметнички дела на 60 автори.

-Идејата со групната изложба “Живот” има повеќе цели, прво да се афирмира дел од македонската ликовна сцена, а потоа да се стави акцент врз желбата за комуникација со други европски култури и искуства од сферата на визуалните уметности и пошироко. Во Шведска сум веке 28 години и можам да кажам дека креативноста на уметниците многу ќе им се допадне на скандинавците воопшто. Има и голем број Македонци кои живеат во Малме, со нестрпление го очекуваат настанот и со задоволство ке го подржат на различни начини. Други подржатели на проектот се Град Скопје, Сафет Камбери директор на Ј.У. Дом на Културата “Кочо Рацин Скопје”, Лилјана Стоилковска Андовска председател на женскиот актив од “КСД Македонија” во Малме и Федерацијата за Едукација од Шведска – “Студиефорбундет”, Атанасиос Пациас раководител на единица од културната администрација на Град Малме. Делата кои ке бидат прикажани разнородни се по техника и нарација. Стилската разнообразност во делата ја артикулира слободата на изразувањето. Визуалните уметности ја имаат таа утилитарна улога во општествата, да ги осознаваат и интегрираат различностите, изјави Гордана Винчиќ за „Трибуна.мк“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top