| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје организира промоција на романот„Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева. Книгата е добитник на престижната награда „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра прозна книга објавена на македонски јазик во 2017 година.

За наградената книга ќе зборува Виолета Танчева-Златева а делови од романот ќе интерпретира актерката Сања Арсовска. Промоцијата ќе се одржи на 14ноември (среда) 2018 година во Спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, со почеток во 12 часот.

Jaгода Михајловска-Георгиева е прозаист, есеисти филмски критичар. Досега ги има објавено книгите: Мојата кожа (збирка раскази),Момчето молња (роман),  Огледала-лудо билје (есеи), Игбал, мојата тајна (роман), Каменот од Твојот ден-хималајска приказна (роман),Индиго Бомбај (роман), Дрско црвен кармин (збирка раскази).

Добитник е на наградите „Рациново признание“ и „Роман на годината“ за 2008 годинакако и на повеќе награди за краток расказ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top