Поранешната прва дама на САД Мишел Обама неодамна ја објави нејзината нова книга во која искрено говори за нејзиниот брак со Барак Обама и ќерките.
Во книгата, таа открива дека имала абортус и дека и двете ќерки, Малиа и Саша ги добила со ин витро.
Во интервју за Good Morning America таа говореше дека во сите тие моменти се чувствувала изгубено и осамено, особено откако ѝ се случил абортусот.
-Се чувствував како да се изневерив себеси, бидејќи тогаш не знаев колку спонтаните абортуси се чести поради тоа што никој не зборува за нив- вели Мишел во интервјуто.
Таа додава и дека е многу лошо што жените молчат за овие ситуации, мислејќи за себеси дека не се доволно добри.
-Многу е важно да се зборува со младите мајки за фактот дека спонтаните абортуси можат да му се случат на секому и дека тие не се виновни за тоа – додава поранешната прва дама, појаснувајќи дека тоа што жените ја кријат вистината за нивните тела и како тие функционираат е многу лошо.
Во книгата која треба да излезе од печат деновиве, таа говори и за бракот со поранешниот претседател на САД Барак Обама и дека во многу наврати морале силно да се борат за да опстанат.
Таа додава дека често оделе на советувалиште за двојки и тоа многу им помогнало за да почнат да го говорат она што им пречи и за да ги надминат разликите.
-Сакам да им кажам на сите млади двојки кои имаат проблеми дека Мишел и Барак кои имаат феноменален брак и кои се сакаат, постојано работат на тоа. И секако, бараме помош секогаш кога ќе ни затреба- додава таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.