| четврток, 6 декември 2018 |

Морав да ви ја растурам забавата-Барак Обама и се обрати на Мишел!

Барак Обама ја одбележа 25-годишнината од бракот со специјално изненадување за Мишел. Имено, 56-годишниот поранешен претседател на САД сними видео за саканата сопруга, во кое со прекрасни зборови опишува колку таа е неверојатна како мајка и сопруга и колку многу ја сака.

Видеото беше прикажано пред бројна публика, додека 53-годишната поранешна прва дама беше гостинка на конференција за жени во Пенсилванија.

Морав да ви ја растурам забавата бидејќи денес ние сме во брак 25 години.

-Идејата што ти се справуваше со мене четвртина век е извонреден доказ за тоа колку си света, прекрасна и трпелива личност. Беше многу полесно за мене да го направам тоа, поради фактот што ти не беше само извонредна партнерка, прекрасна пријателка, личност која секогаш ме смее, личност која се грижи секогаш да го следам тоа што сметам дека е правилно, туку ти исто така си одличен пример за нашите ќерки и за целата држава.Твојата сила, грациозност, решителност, искреност, фактот што изгледаш прекрасно додека го правиш сето тоа, начинот на кој секогаш преземаш одговорност за сопствените постапки, но исто така и што се грижиш за луѓето околу тебе, се неверојатни. И не е чудно што луѓето кога ќе те запознаат, како што јас те познавам, се вљубуваат.Навистина најдобрата одлука којашто некогаш ја имам направено е што бев доволно упорен да те поканам на состанок, кој што ти конечно го прифати. И се надевам дека и ти се чувствуваш исто.Па, не сакам да го прекинувам текот на сигурно фасцинантната дискусија, но мислев дека можеби нема да ви пречи да прелетам накратко за да ти кажам колку многу те сакам и почитувам – вели Барак во љубовното видео.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top