| четврток, 6 декември 2018 |

Џабе му е што е претседател, кога сопругата е попопуларна од него

%d0%be%d0%b1%d0%b0%d0%bc%d0%b0
Во периодот кога поддршката на американскиот народ за Барак Обама изнесувала 40 процети, неговата сопруга, Мишел Обама ја поддржувале 66% од Американците.

Изборот на Барак Обама за претседател ја зголеми надежта дека тој со помош на своето семејство, ќе успее да ги разбие стереотипите за Афроамериканците во Соединетите Американски Држави.

%d0%be%d0%b1%d0%b0%d0%bc%d0%b02

Иако сега се поставува прашањето дали тој воопшто успеал во тоа, сепак истражувањата покажуваат дека семејството Обама било исклучително ценето во првата година од мандатот на Барак, а првата дама на САД, Мишел Обама ја задржала својата популарност и во најтешките времиња во текот на двата мандати.

Есента 2009-та година, дури 66 проценти од Американците изјавиле дека одобруваат семејството Обама да ја води државата, а само 12 проценти од нив имале негативно мислење. Истовремено, позитивно мислење за Мишел Обама имале 65 проценти од Американците, а негативно 27%. Откако Барак го доби и вториот мандат, дури 75% од Американците ја поддржувале Мишел Обама.

%d0%be%d0%b1%d0%b0%d0%bc%d0%b03

Додека граѓаните на САД беа се покритични кон претседателот на државата Барак и тој кон почетокот на 2014-та година забележа најнизок рејтинг од 40 проценти, Мишел Обама и натаму беше поддржувана од мнозинството Американци и нејзиниот рејтинг изнесуваше 66%. Таа за кратко време падна на 58% кон средината на оваа година, но веднаш се врати на 60%.

%d0%be%d0%b1%d0%b0%d0%bc%d0%b04

Иако е интересно тоа што во еден момент, може да се каже дека Американците повеќе ѝ верувале на Мишел, отколку на Барак Обама, сепак вреди да се истакне дека во принцип првите дами бележат солидни рејтинзи во САД.
Само за споредба, Барбара Буш ја поддржувале 81% од Американците, Лаура Буш 72%, Хилари Клинтон 56%, Ненси Реган 55%, а Мишел Обама во просек ја поддржувале 65% од Американците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top