Селекторот на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, Мишел Дјусие, очекувано поднесе оставка по елиминацијата на бранителот на титулата на Куп на африканските нации уште во групната фаза.
Французинот Дјусие 18 месеци ги водеше „слоновите“, а претседателот на Федерацијата, Сиди Дијала, изјави дека нема да брза со изборот за негов наследник за да избере правилно пред квалификациите за мундијалот во Русија.
Последните неколку селектори на Брегот на Слоновата Коска беа стручњаци од Франција или кои работеле во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.