| четврток, 6 декември 2018 |

Итната помош со препораки за празниците: Умерено со храна и алкохол за да нема труења и сообраќајки

Во пресрет на прославите за новогодишните и божикните празници, службата за Итна медицинска помош упати препораки до граѓаните со цел да се избегнат несакани последици.

Препорачува редовно земање терапија кај хроничните болни, лицата кои се придржувале на божиќниот пост да внимаваат со внес на храна, и умерено да се користат алкохолни пијалоци за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди.

Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, како и да се воздржат од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top