Во Културно-информативниот центар синоќа беше отворена изложба на дела на еден од најреномираните македонски уметници Илија Пенушлиски. Дваесет и девет дела создадени во изминатите пет години можеа да се погледнат.
Верувам дека ова се најоптимистичните слики кои сум ги насликал, вели Пенушлиски во чие богато и разнолико творештво се вбројуваат голем број изложби во Европа и САД.
-Задоволен сум. Зошто ? Затоа што видов дека сум успеал со помош на мистичните вештини на алхемијата и тајните на „црната магија“ да спасам дел од душата од барокните и преспанските бомбардировки. Видов дека не ме уништиле тотално. Уметноста не може да ја одлучи судбината на татковината, ама може да ја покаже и во поубава светлина, а може да посочи и на лошотиите кои ни се случуваат. Јас ја гледам позитивната страна, вели Пенушлиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.