Пет часовна журка со Слаткаристика, диџеј Ник Капа, Газда Паја, Тајзи, Токсиколози, ќе се одржи саботата на 3-ти август на втората плажа Градиште. Таканаречената „Викенд журка“ ќе започне ви 23:00 часот, а покрај нашите домашни артисти, за прв пат кај нас ќе настапи и Газда Паја со неговата хит песна „Чке Београдске”, како и диџеј Ник Капа со светски познатата „Summer love” трака.
– Охрид е екстра место за забава и едвај ја чекам оваа „Викенд журка“. Тука се моите луѓе,диџеј Ник Капа за чии хитови се изненадив, а Газда Паја сакам ептен да го видам со настап на неговата „Чке Београдске”, дечкото гази! Сигурно ќе си поминеме супер! – вели Слаткаристика.
Вечерта во Охрид ќе има и организиран превоз до плажата Градиште, а картите со цена од 200 денари може да се набават на влез и во предпродажба низ продажната мрежа на Мк Тикетс, веќе од овој петок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.