Иако и самиот се бори со тешка болест, познатиот хрватаки пејач, Олиевр Драгоевиќ ја прифатил поканата на организаторите за настап на хуманитарен концерт и многу наскоро ќе се врати на сцената. Се работи за настан кој се организира по повод 50 годишнината од Жупаниската организација за борба против ракот кој на 15. октомври ќе се одржи во Сплит.
Освен него на настанот ќе настапуваат и Џибони и Теди Шпалат.
За потсетување, кога неодамна Оливер беше прашан како ја поднесува хемо терапијата, тој одговорил дека сега за сега е добро и дека е најважно во овие ситуации човек да не се прадава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.