| четврток, 6 декември 2018 |

Деца со оштетен слух од Скопје ќе пеат на Суперкупот користејќи знаковен јазик

Пред започнувањето на финалето на Суперкупот, група од 19 млади лица со оштетен слух од државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ користејќи го знаковниот јазик ќе ја изведе музичката нумера „Небо полно ѕвезди“ од Колдплеј, заедно со детскиот хор „Фалсето“ од Скопје.

На овогодинешниот УЕФА Супер Куп кој ќе се одржи на 8 август во Скопје, Македонија, ќе се натпреваруваат победникот од УЕФА Лигата на шампиони – ФК Реал Мадрид и победникот од УЕФА Лигата на Европа – ФК Манчестер Јунајтед.

Веќе трета година, УЕФА Фондацијата за деца, за време на церемонијалното отворање на Суперкупот на УЕФА, игра активна улога за подигање на свеста и испраќање пораки за толеранција, солидарност и социјална инклузивност на најранливите деца.

Целта на нивниот настап е да испратат моќна порака до светот за важноста на интегрирањето на децата со попреченост во општеството.

-Да се учествува на настан како што е церемонијата на отворање на Супер Куп на УЕФА би било остварување на сонот на многу деца и тинејџери, но за овие деца и тинејџери со оштетување на слухот овој настан е повеќе од тоа, вели Викторија Волак од ДУЦОР „Партенија Зографски“

-Тоа е чест. Сите се возбудени бидејќи тие сакаат да дадат се од себе за да настапат најдобро што можат, истовремено да изразат благодарност до Фондацијата за деца на УЕФА за можноста што им е пружена и да испратат порака на нивниот природен начин, порака за еднаквост и покрај разликите меѓу сите нас.

Организаторите се надеваат дека публиката позитивно ќе реагира на изведбата и ќе даде силен аплуаз, треперејќи со рацете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top