| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена изложбата „Подарени дела од Чехословачка“ во Музејот на современа уметност

Во Музејот на современата уметност синоќа, во присуство на многубројни гости и љубители на уметноста, свечено беше отворена изложбата „Подарени дела од Чехословачка“ од колекцијата на Музејот на современата уметност, а на отворањето на изложбата, како што наведуваат од Министерството за култура, која се реализира по повод 100-годишнината од формирањето на Чехословачка, пред присутните, меѓу кои беа и амбасадорите на Република Чешка и на Република Словачка во Република Македонија, Мирослав Томан и Хенрик Маркуш, се обрати и министерот за култура, Асаф Адеми.

Врвни уметнички дела на познати автори од некогашната Чехословачка, врзани за последните децении на минатиот век и тогашните социополитички промени во Европа, години што влијаеа врз уметноста и културата генерално, од завчеравечер можат да се видат во Музејот на современа уметност во Скопје. Пред јавноста до 10 февруари 2019 ќе можат да се видат 65 дела (слики, графики, скулптури и цртежи), дел од колекцијата на МСУ која денеска содржи 265 дела од 92 автори од Чехословачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top