Во ЈУ Културно-информативниот центар – Скопје, во Изложбениот салон– Империјал 2, во четврток, (1 ноември) во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на графики и слики од ИВАНА НАСТЕСКИ.
Изложбата ќе биде отворена до 13. 11. 2018 год.
Ивана Настески е родена 1981 година во Тетово, Р.Македонија. Училиште за применета уметност завршила во Скопје 1999 година, оддел текстил и облека. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, насока графика во 2004 година. Магистрирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје на оддел графика и графички техники во 2009 година.
Член е на ДЛУМ од 2009 година.
Самостојни изложби: Тетово. Скопје, Охрид, Кавадарци, Прилеп, Белград (Р.Србија), Шабац (Р.Србија) и Дрезден ( Германија).
Групни изложби: Куманово, Кавадарци, Прилеп, Белград (Р.Србија), Нови Сад ( Р.Србија), Шабац (Р.Србија), Москва (Русија), Патра ( Грција), Мајами (Америка), Португалија, Кина, Швајцарија, Мексико, Шпанија, Тајван, Ново Место (Словенија) како и на бројни меѓународни графички биенални и триенални изложби.
Награди: Grand Prix (ДЛУМ) за графика на Македонија, Откупна награда на град Шабац, Октомврски Салон, Откупна награда на Интернационално Биенале на мала графика во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.