Металург нема да игра квалификациски турнир, туку преку двомеч со ПИК Сегед ќе се бори за место во Лигата на шампионите. ЕХФ одлучи да ја смени шемата по згасувањето на Атлетико Мадрид.
Металург првично доби вајлд-карта заедно со тимот од Сегед, Монпелие и Висла Плок, и требаше на квалификациски турнир да победи за да им се приклучи на Барселона, ПСЖ, Вардар, Тун и на уште еден квалификант во групата Ц од Лигата на шампионите.
Згаснувањето на Атлетико ги смени од корен работите, па сега во директен дуел со ПИК Сегед, Металург ќе одлучува која од овие две екипи ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, како дел од групата Ц. Според утврдениот календар, првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 28 август, додека реваншот е закажан за 1 септември во Сегед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


