| четврток, 6 декември 2018 |

Лозаноска: И сто договори од Преспа се џабе, ако судиите се зависни

Не е  проблем што некои пратеници промениле ставови, ако тоа било слободно и без притисок. Проблем е што истите овие претходно беа жигосани како криминалци и терористи од јавноста, а против кои истовремено одат судски процеси во кои тие треба да ја докажат својата невиност, вели Јана Лозаноска, доктор на  науки при Универзитетот за мир на Обединетите Нации, во Костарика. Лозаноска е категорична дека независноста на судството мора да се почитува, а без владеење на правото, како што вели, и сто договори од Преспа, нема да ја однесат Македонија во Европската Унија.

” За мене загрижувачки е дека во општетството постои синдром на селективна правда и селективно сеќавање. Зошто? Политиката се сфаќа многу погрешно во македонски контекст, таа не значи растегнување или кинење на границите кои правото ги поставува во кое најголемата шетата е нанесена на независноста на судството, но значи умешност за остварување на политики во правно зацртаните граници. Умешни политичари се оние кои знаат што значи одговорност и легитимност. Во однос на обезбедувањето на 2/3 мнозинство  не е  проблем што некои пратеници промениле ставови, ако тоа било слободно и без притисок. Проблем е што истите овие претходно беа жигосани како криминалци и терористи од јавноста, а против кои истовремено одат судски процеси во кои тие треба да ја докажат својата невиност. Понатаму, најстрашно е дека има координација и дослух помеѓу извршната и судската власт. Тоа укажува дека независноста на судството е под знак прашалник, и дека судството работи според дирекции на извршната власт односно влада, вели Лозаноска.

Вели дека ова мора да се сфати затоа што владеењето на правото е предуслов за евроинтеграциите.

„Може и сто договори од Преспа да поминат сепак државата нема да остане правна држава и демократија, само затоа што декларативно се мантра за влез кон ЕУ, без притоа суштински чекори да се преземат. Тие пред се опфаќаат борба со корупција, непотизам, градење на независно судство, медиуми јакнење на јавната дебата итн.”, вели Лозаноска.
извор: фактор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top