| четврток, 6 декември 2018 |

Власта врши огромен притисок врз судството против ВМРО-ДПМНЕ

На сите начини се врши притисок врз македонското судство да потклекне пред притисоците во насока на исполнување на желбите на СЈО и да ги преиначи одлуките на Основниот суд Скопје 1.

На јавноста и е јасно дека СЈО е алатка за политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ управувана од актуелната власт. СЈО уште од почетокот со сите случаи кои ги отвори имаат за цел пресметка со ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство, за креирање негативна слика за партијата во очите на јавноста.

Сега се врши притисок судството да направи невиден преседан со менување на одлуките на основниот суд. Кон тие притисоци се вклучени и гостувања на препознатливи лица во медиумскиот клан на власта, од каде се врши невидена хајка и против судството и неговата независност и против раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

На власта, но и на СЈО како нивна алатка за политичка чистка, им е потребно оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ како партија која не се сложува со распродажбата на националните и државни интереси во очи на најавеното потпишување на договорот со Бугарија, кој што власта во Македонија го крие, а бугарските медиуми откриваат колку е штетен за Македонија.

Ваквите притисоци се засилија откако Никола Груевски, пред судот изјави дека има намера да ја предводи партијата до победа на претстојните избори.

Како и секогаш, повикувајќи се на извори и експерти чија што заднина покажува иста наклонетост за политичка хајка наспроти правдата и законите, медиумите од социјалдемократскиот соросов калифат, водат невиден притисок врз судството, а против ВМРО-ДПМНЕ . Иако до сега постојано се истакнуваа негативни ставови за изречени притвори, сега се инсистира за нив.

Јавноста ја препозна оваа политичка хајка на институцијата која со своето делување не работи ниту според Уставот ниту според законите, туку единствено под политички диктат.  Сега, тој диктат власта се обидува да го наметне и врз независноста на судството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top