Јас не сум информиран за тоа дека странски лица односно амбасадори, а во конкретниот случај Американскиот амбасадор се обидуваат да ја поткопаат стабилноста на Македонија преку подршката што ја давале за владеењето на правото во земјата.
Во ваквите инсинуации најскрено не сакам да верувам, затоа што особено САД, освен во безбедноста на земјата, тие преку разни нивни програми и ангажмани (иако не сум во тек колку пари за тие програми потрошиле) сигурно дека имаат некој свој придонес и за судството. Но во колку и евентуално под претпоставка такви влијанија ако ги имало во судството. (Пример дури и само ако се дадени изјави со кои однапред да се сугерира на одговорност без завршена судска постапка), во таков евентуален случај на никого не му е дадено за право па и од кого да е, да импутира влијание во судството.
Единствено што преставникот на САД, би го замолил како наши стратешки партнери, а особено во овие наши актуелни состојби како што континуирано тоa го прават преку давање подршката на СЈО, иститите континуирано таква подршка да ја даваат и за Судството во нашата земја. Со ова ценам дека еднаш за секогаш ке се стави крај на шпекулациите за неподобноста на судиите, кога преку одредени судии- поединци кои несовесно или нестручно си ја извршувале својата функција, истите да се генерализираат со сите судии во РМ, а тоа би било некоректно и неодговорно во било која земја па и во САД.
Но да се вратиме на нашите актуелни состојби кои ги пласираат домашни центри на моќ. Сигурно дека Судството не смее и не треба да биде надвор од „контролата“ на јавноста. Но кога намерно под менторство на некои центри на моќ, неоправдано му се инпутираат влијанија за постапувањето на судиите, со кое на судството сакаат да му нанесат огромна штета, за кое по друг повод истакнав дека навистина тешко ке се надомести и исправи.
Убеден сум дека тие центри на моќ наметнуваат една таква перцепција за судството, со кое ја дефукусираат јавноста дека нивните оценки, коментари или некоја Анализа и врз основа на истите си земаат за право на ексклузивитет а тоа е дека нивната перцепција за состојбите во судството е апсолутна вистина.
За жал на истите иако во минатото го немаа ниту како идеја, она што во последните години е постигнато преку имплементирање и спроведување на највисоките Европски стандарди, па со право Ве уверувам дека нашето судство ги има потребните перформанси и капацитети за квалитетно и ефикасно исполнување на својата функција.
Но очигледно сето тоа на некого не му одговара, па затоа прават конструкции и инсинуации за судството кои им се наменети за актуелните политички потреби и цели – како што сега го актуелизираат (иако тоа е надвор од Пржинскиот договор и истиот е во фаза на спроведување), нивното барање да се формира специјално судско одделение кое би постапувало по предметите што ги иницира СЈО. Се разбира дека со ова не може да се избега од фактот дека сето тоа е насочено за намерно рушење на интегритетот на целокупниот судски систем. Во кое истите очигледно најдобро се снаоѓаат.
Сигурно дека ваквата перцепција за судството иако е наметната и менаџирана со постојан и директен атак на оние кои само декларативно се залагаат за нивната независност, во секој случај истите нанесуваат огромна штета на судството за да се деградира на довербата во судството, а за жал со таквата нивна перцепција за судството ги убедуваат и меѓународните фактори.
Бранко Ушковски,
Поранешен претседател на Судски совет
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.