Македонскиот фудбалски шампион Вардар сонува подвиг против романскиот гигант Стеауа, а поволен резултат на првиот дуел од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, што ќе се игра вечерва од 19,45 часот во Букурешт, носи повеќекратен ќар за „црвено-црните“.
Добар резултат од главниот романски град, би значел полн стадион во реваншот, на 23 јули во Скопје, можност да се мине понатаму и да се добие полесен противник во третата филтер рунда. Стеауа има висок рејтинг и нејзина елиминација му носи на Вардар привилегирана позиција и еривал по мерка во следното коло. Но, Романците се апсолутни фаворити, имаат страшно добар и воигран тим со фудбалери што се ценети на европската фудбалска берза и вредат многу повеќе од вардаровите играчи. За Кирикеш, Кипчиу, Танасе, Станчиу се интересираат големите клубови како што се Барселона, Рома, Манчестер јунајтед, Челси и компактноста и квалитетот и го носат на Стеауа ореолот на апсолутен фаворит.
Скопјани сепак нема да истакнат бело знаме и ќе играат за успешна презентација на македонскиот фудбал и секако за добар резултат, што носи надеж дека 24-кратниот романски првак може да биде елиминиран.
„Одиме во Букурешт да се надигруваме и секако нема да истакнеме бело знаме. Имаме и ние свои адути. Посакувам да постигнеме барем еден гол, со што би ни пораснале шансите за нешто повеќе од овој двомеч“, истакна Филип Петров.
Вардар досега на двапати играше во еврокуповите со романски преставници и го елиминира Динамо Букурешт, а не успеа да го мине Рапид исто така од Букурешт. Двата двомечи беа во рамките на УЕФА купот, сега преименуван во Лига Европа, па ова ќе биде прв двомеч со романска екипа во рамките на квалификациите за Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


