| четврток, 6 декември 2018 |

Академик Божин Павловски заминува од МАНУ и ДПМ

Bozin Pavlovski

Во знак на протест по одлуката на Комисијата за верификација на фактите која лустрираше уште еден академик по Славко Јаневски, писателот Божин Павловски го напушта МАНУ и Друштвото на писатели на Македонија.

Павловски, откако комисијата го лустрираше писателот Славко Јаневски во отвореното писмо до Груевски и јавноста, напиша: “ во мојот 71 годишен живот помнам само двајца семоќни политичари, Лазар Колишевски и Никола Груевски.

Овој помладиот кој е барем 10 пати помоќен од својот харизматичен претходник не е ни свесен што му е подметнато со лустрирањето на Славко Јаневски и колку ќе бидат трагични последиците и за владејачката партија и за културниот и творечкиот амбиент во Македонија.

„Не верувам дека премиерот го одобрил овој срамотилак и простотилак и се надевам брзо ќе реагира колку толку да ја санира штетата за да не ескалира целата ситуација како онаа со размената на територии” , пишува Павловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top