| четврток, 6 декември 2018 |

Во МАНУ се дебатира за договорот од Преспа, а надвор се протестира

Триесетина граѓани протестираат  пред Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) каде се одржува научна расправа на тема „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евроатланските интеграции на Република Македонија“ на која учествуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, американскиот амбасадор Џес Бејли и останати дипломати од различни земји.

Граѓаните протестираат, како што велат, да го изразат својот револт за договорот со Грција и промената на името на Република Македонија. Тие порачаа дека се загрижени од загрозувањето на независноста на Република Македонија и побараа оставка од Владата на Заев.

Тие побараа прием на денешната расправа во МАНУ каде што ќе ја достават, како што велат, декларацијата на македонскиот народ за неговите црвени линии и стратегија за зачувување на името, идентитетот, јазикот, историјата и културата на државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top