Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје ќе ја промовира книгата „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски. Книгата е добитник на престижната награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга објавена на македонски јазик во 2018 година.
За наградената книга ќе зборува проф. д-р Лидија Капушевска – Дракулевска а стихови ќе интрепретира актерот Томе Витанов. Промоцијата ќе се одржи на 22 октомври (понеделник) 2018 година во спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, со почеток во 12 часот.
Зоран Анчевские поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо-американска литаратура. Досега ги има објавено стихозбирките: Патувања низ скршени слики, Стратегија на поразот, Линија на отпорот, Превод на мртвите, Див мир, Историја на ветрот. Добитник е на наградите „Студентски збор“ и на престижното меѓународно признание за поезија „Ѓакомо Леопарди“. За својата перведувачка дејност ја има добиено наградата „Григор Прличев“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.