Во мултимердијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Паркот на Книгите, денеска напладне беше промовирана книгата „Поезијата и медицината – другата страна“ од академик Нада Поп Јорданова, издание на „Матица македонска“.
За најновото дело на познатата авторка говореа проф.д-р Јелена Лужина и проф.д-р Владимир Мартиновски.
Нада Поп Јорданова е автор на тринаесет книги од областа на медицината. Најзини научни студии се преведени на повеќе странски јазици,за кои е добитник на национални и меѓународни признанија. Член е на Македонската акаденија на наумите и уметностите, како и на повеќе светски академии и научни институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.