| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Кој е најпосакуван за селектор на ракометната репрезентација

Според анкетата на „Република“  на прашањето кој треба да биде нов селектор на ракометната репрезентација по 2 дена гласање во убедливо водство е тренерот на РК Металург Лино Червар кој освои 68 % од вкупно 810 гласови.

Хрватот досега освои 552 гласови. Втор со 137 гласови или 17 % е Пепи Манасков  кој е татко на крилото на Металург и репрезентацијата Дејан Манасков а на трето место со 9 гласа е тренерот на РК Вардар Веселин Вујовиќ.

Љупчо Савевски и Илија Темјелковски освоија по 3 % од гласовите.

  • Лино Червар (68%, 552 Гласови)
  • Пепи Манасков (17%, 137 Гласови)
  • Веселин Вујовиќ (9%, 73 Гласови)
  • Љупчо Савевски (3%, 27 Гласови)
  • Илија Темелковски (3%, 21 Гласови)
    Вкупно гласале: 810

Во текстот кој го објави денес „Република“ Лино Червар  добил телефонска понуда од Ракометната федерација на Македонија да го замени Шундовски кој си даде оставка по поразот од Германија во осмина финалето на светското првенство во Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top